Израелскиот министер за одбрана Јоав Галант вечерва им порачал на стотиците илјади копнени трупи во Израел да се подготват за инвазија на Појасот Газа, иако неговите борбени авиони извршија нови воздушни напади врз територијата контролирана од Хамас.
Галант се сретнал со израелските пешадиски војници позиционирани на границата со Газа, велејќи им на силите „да се организираат, да бидат подготвени“, но не кажал кога ќе дојде наредбата за инвазија.
„Кој сега ја гледа Газа од далеку, ќе ја види и одвнатре“, рекол тој. "Ви ветувам."
Израел има стационирано 300.000 војници долж границата со Газа.
Набргу по изјавата на Галант, израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху објави видео на кое е со војниците во близина на границата ветувајќи победа.
Претстојната копнена инвазија на Газа дојде по посетата на британскиот премиер Риши Сунак и американскиот претседател Џо Бајден кои беа во посета на Израел за да ја дадат поддршката на Западот за војната против милитантите на Хамас.