Линкови за пристапност

Шји вети 50 милијарди долари за Африка во следните три години


Кинескиот претседател аплаудира за време на церемонијата на отворање на Форумот за кинеско-африканска соработка во Пекинг на 5 септември 2024 година
Кинескиот претседател аплаудира за време на церемонијата на отворање на Форумот за кинеско-африканска соработка во Пекинг на 5 септември 2024 година

Кинескиот лидер Шји Џјинпинг денес вети повеќе од 50 милијарди долари финансирање за Африка во следните три години, ветувајќи дека ќе ја продлабочи соработката во инфраструктурата и трговијата со континентот додека се обраќаше на најголемиот самит во Пекинг од пандемијата.

Повеќе од 50 африкански лидери и генералниот секретар на Обединетите нации (ОН) Антонио Гутереш, присуствуваат на форумот Кина-Африка оваа недела, според државните медиуми.

Африканските лидери веќе обезбедија плејада договори оваа недела за поголема соработка во инфраструктурата, земјоделството, рударството, трговијата и енергијата.

Обраќајќи им се на лидерите на церемонијата на отворање на форумот во четвртокот наутро, Шји ги поздрави врските со континентот како нивен „најдобар период во историјата“.

„Кина е подготвена да ја продлабочи соработката со африканските земји во индустријата, земјоделството, инфраструктурата, трговијата и инвестициите“, рече тој.

„Во текот на следните три години, кинеската влада е подготвена да обезбеди финансиска поддршка во износ од 50,7 милијарди долари“, рече Шји.

Над половина од тоа ќе биде во кредит, рече тој, со 11 милијарди долари „различни видови помош“, како и 10 милијарди долари преку охрабрување на кинеските фирми да инвестираат.

Тој, исто така, вети дека ќе помогне „да се создадат најмалку еден милион работни места за Африка“.

Во своето обраќање на состанокот, шефот на ОН Гутереш им рече на африканските лидери дека растечките врски меѓу Кина и континентот би можеле „да поттикнат револуција на обновливите извори на енергија“.

„Извонредниот развој на Кина - вклучително и за искоренување на сиромаштијата - обезбедува богато искуство и експертиза“, рече тој.

XS
SM
MD
LG