Линкови за пристапност

Над 40 проценти од Американците сметаат дека сексот меѓу тинејџери е „морално прифатлив“


Прифатливоста на сексуалните односи меѓу тинејџерите пораснала за 10 проценти во споредба со истражувањето направено во 2013-та година

Се` повеќе Американци мислат дека сексот помеѓу тинејџерите е прифатлив.

Според нова студија на агенцијата за истражување на јавното мислење Галуп, мнозинството, или 54 проценти сметаат дека тоа е морално погрешно, а 42 процента сметаат дека е морално прифатливо.

Галуп за прв пат го поставил прашањето во 2013-та година, оттогаш бројот на оние кои сметаат дека сексот меѓу тинејџерите е прифатлив, се искачил за 10 проценти.

Истражувањето открива дека различни старосни групи имаат различни мислења на темата. 59 проценти од испитаниците на возраст од 18 до 29 години, сметаат дека е прифатливо, додека кај лицата на возраст од 65 години или повеќе, само 31 процент рекле дека е морално прифатливо.

Исто така има разлика во мислењето кај либералите и конзервативците. 60 отсто од либералите рекле дека сексот помеѓу тинејџерите е прифатлив, во споредба со само 26 проценти кај конзервативците.

Религиозните ставови исто така влијаеле на тоа како се гледа на ова прашање. 54 проценти од Американците кои „ретко или никогаш“ не одат во црква, рекле дека за нив е прифатлив сексот меѓу тинеџерите. Додека прифатливоста кај оние кои редовно одат на црква е само 20 проценти.

Според истражувањето на Центарот за контрола на болести, во 2017-та година, 40 проценти од американските средношколци имале сексуални односи.

И покрај тоа, стапката на наталитет кај тинејџерите продолжува да опаѓа, и во 2015-та достигнала „историски“ ниско ниво, осум проценти помалку споредено со 2014-та година.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG