Линкови за пристапност

Променети правилата за сексуално вознемирување во американските училишта


Групи за човекови права правилата ги нарекоа „важна победа“ за правата на обвинетите,a организациите за права на жртвите се загрижени

Секретарката за образование на САД, Бетси ДеВос, ги претстави правилата со кои се преиначува законот познат како Поглавје 9. Тоа е закон од 1970-те со кој се забранува сексуално дискриминирање, напад и вознемирување во образовните програми кои се финансирани на федерално ниво, како што се постдипломските студии, средните училишта и колеџите. Целта е да се засилат правата на обвинетите студенти и да се појаснат видовите на случаите по кои училиштата мораат да спроведат истрага.

Со промените се стеснува дефиницијата за сексуално вознемирување и се сведува на однесување што е особено „нагласено, упорно и објективно навредувачко“. Но правилата исто така појаснуваат дека насилство во врска на двајца, и следење, се казниви според законот.

Правилата лимитираат на кои видови жалби училиштата треба да спроведат истрага, главно на инциденти на кампусите и во образовните програми. Се бара колеџите да одржуваат дисциплински распити слични на сослушување во судовите, со вкрстено испитување на извршувачот на делото и на жртвата. На училиштата им е забрането да преземаат акција против обвинетиот додека не заврши постапката.

Правилата влегуваат во сила во август, пред почетокот на следниот семестар, освен ако правилата не бидат обжалени пред суд или ако Конгресот не ги укине, што не се очекува со републиканското мнозинство во Сенатот.

Групи за човекови права правилата ги нарекоа „важна победа“ за правата на обвинетите, промена од она што ДеВос го нарече „процес од ерата на Обама без да има соодветна постапка“. Но организациите за права на жртвите се загрижени, и посочуваат дека тоа ги принудува жртвите да се соочат со вкрстено испитување што може да ги обесхрабри да го пријават нападот.

Овие промени може да имаат влијание на ученици и студенти за многу наредни години.

XS
SM
MD
LG