Линкови за пристапност

Повеќе паметни телефони, повеќе секстирање


Поранешните студии не даваа јасна слика за поврзаноста на феноменот на испраќање на несакани пораки со сексуална содржина и технологијата

Испраќањето на пораки со сексуална содржина, или таканареченото секстирање, е во пораст меѓу децата во САД, особено затоа што се` поголем дел од нив користат паметни телефони, се вели во ново истражување.

Ова е заклучокот на водечкиот медицински журнал JAMA Pediatrics, којшто ги објави последните клинички студии, засновани на истражување спроведено врз повеќе од 110.000 деца на возраст од 12 до 18 години во текот на изминатата деценија. Истражувањето кое подеднакво ги опфаќа момчињата и девојчињата се однесува на сексуалните пораки што биле испратени, примени или добиени без согласност.

Споделувањето на сексуално експлицитни фотографии, видеа или пораки преку на електронски средства во последниве години се зголеми со се` пошироката употребата на паметни телефони.

Истражувачите истакнаа дека помалите студии не нудат специфични, конзистентни детали за тоа кој се` секстира и каква е врската со технологијата.

Во студијата се наведува и потребата од понатамошни истражувања кои се фокусираат на секстирањето со цел адекватно насочување на образованите и политичките напори за справување со проблемот.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG