Линкови за пристапност

Секс скандалите почнале уште со Томас Џеферсон


Сексуални напади и вознемирувања се поврзуваат со бројни американски претседатели, велат историчарите

Секс сканадалите во светoт на забавната индустрија и во политиката кулминираат, како што се зголемува бројот на жени, во одредени случаи и мажи, откривајќи дека биле сексуално нападнати или вознемирени од одредени моќни луѓе.

Но, во политиката, секс сканадалите не се новитет, и со вакви обвинувања се поврзуваат бројни американски претседатели, вклучувајќи го и денешниот претседател Доналд Трамп.

Ваквите скандали почнуваат уште со третиот претседател Томас Џеферсон.

Многу историчари веруваат дека Џеферсон имал шест деца со Сели Хемингс, која што била негова робинка, а што подоцна било потврдено и со ДНК тест, којшто открил поврзаност на овие две семејства.

И за претседателот Линдон Џонсон во 20-тиот век, се верувало дека имал бројни афери со жени, во и надвор од Белата куќа.

Претседателот Џон Кенеди имал врски со повеќе жени, велат неговите биографичари, вклучувајќи ја и холивидската актерка Мерлин Монро.

Врските меѓу возрасни за кои постои согласност, не се нелегални, вели Ариела Грос, која предава право на Универзитетот на Јужна Каролина.

„Треба да направиме разлика меѓу оние кои посегнуваат по 14-годишни девојчиња, и инциденти кои, иако се лоши, не се кривично дело“, вели Грос, алудирајќи на случајот против кандидатот за сенатор Рој Мур од Алабама, кој се обвинува дека посегнувал по тинејџерки пред повеќе децении, кога бил обвинител.

Сенаторот Ал Франкен, може да се соочи со истрага по обвинувањата дека бакнал жена против нејзина волја, и оти ја фатил за гради додека таа спиела.

Обвинувањата за сексуален напад на поранешниот претседател Бил Клинтон го стресоа политичкиот систем во 1998-та година.

Околу 16 жени го обвинија претседателот Доналд Трамп за сексуално вознемирување или уште полошо.

Тој ги окарактеризира ваквите обвинувања како лажни вести, а ниту едно од нив не е докажано.

Иако вистината тешко се докажува, критичката јавност ги повикува на одговорност оние на власт, вклучувајќи ги и претседателите.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG