Линкови за пристапност

Кардиналот Филипе Барбарин осуден поради прикривање педофилија на свештеник


Кардиналот Филипе Барбарин е осуден на шестмесечна условна казна во најголемото судењето во земјата поврзано со скандалот за сексуална злоупотреба во црквата

Судот во Франција осуди висок претставник на Католичката црква поради тоа што не пријавил обвинувања за сексуална злоупотреба против свештеник.

Кардиналот Филипе Барбарин е осуден на шестмесечна условна казна во најголемото судењето во земјата поврзано со скандалот за сексуална злоупотреба во црквата.

Судот го прогласи Барбарин за виновен поради прикривање на наводите за злоупотреба од страна на свештеник под негово овластување, а кој подоцна оваа година треба да се соочи со судење.

Адвокатот на Барбарин најави дека ќе поднесат жалба на пресудата.

Во одделен случај, еден човек во Австралија поднесе граѓанска тужба против кардиналот Џорџ Пел, поради тоа што наводно свештеникот сексуално го злоупотребувал во 1970-тите. Тужителот е дел од втората група на луѓе кои тврделе дека Пел ги злоупотребувал кога биле момчиња, но обвинителите го отфрлија тој кривичен предмет.

Пел е во притвор во очекување на казната откако беше прогласен за виновен во декември поради пет кривични дела поврзани со сексуален напад на двајца тинејџери, додека служел како архиепископ во мелбурнската епархија. Тој се соочува со казна до 50 години затвор.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG