На вториот ден од самитот на Ватикан за борба против сексуалната злоупотреба, кардиналот Освалд Грацијас им рече на бискупите од целиот свет дека католичките свештеници кои сексуално злоупотребуваат малолетници треба да бидат пријавени до граѓанските власти за да биде спроведен законот.
Зборувајќи за заштитата на малолетниците, Грацијас ја истакна важноста на соработката на Црквата со граѓанските власти во случаите на злоупотреба од страна на свештенството.
„Оние кои се виновни за криминално однесување правно се одговорни пред граѓанските власти за таквото однесување. Иако црквата не е агент на државата, црквата го признава легитимниот авторитет на граѓанското право и на државата, па затоа црквата целосно соработува со граѓанските властите во вакви случаи со цел за се обезбедат правдата и граѓанскиот поредок.“
На првиот ден од самитот, папата Францис ја истакна одговорноста на свештенството. Тој истакна дека секоја епархија треба да има „практичен прирачник“ за чекорите што треба да се преземат кога ќе се појават такви случаи.
Facebook Forum