Линкови за пристапност

Франција и сексот


Франција и сексот
Франција и сексот

Обвиненијата за сексуален напад со кои се соочува поранешниот шеф на Меѓународниот монетарен фонд Доминик Штраус-Кан ја крена завесата на некогаш табу-темата во неговата родна Франција: приватниот живот на јавните личности и претпоставената култура на машки шовинизам.

Обвиненијата за сексуален напад со кои се соочува поранешниот шеф на Меѓународниот монетарен фонд Доминик Штраус-Кан иницираа дебата од огромни размери во Франција. Тие исто така отворија врата за низа слични обвиненија. Прво од новинарка, која тврди дека Штраус-Кан ја нападнал за време на интервју пред околу една деценија.

Потоа, во неделата, министер, Жорж Трон, даде оставка од централно-десничарскиот кабинет на претседателот Николас Саркози откако две жени пријавиле сексуално напаствување од него.

Зборувајќи за француското радио една од жените кажа дека се надевала оти истрагата против Трон ќе биде сеопфатна и дека таа не се повлекува.

Сега, скандалот на Трон е покриен со друг – наводи за педофилија против поранешен француски министер од друг поранешен министер, Лук Фери.

За време на телевизиско појавување неделава, Фери обвини неименуван поранешен министер за сексуални односи со момчиња во Мароко. Тој кажа дека случајот е нашироко познат во највисоките политички кругови. Во среда, француското обвинителство отвори прелиминарна истрага по наводите. Активисти за човекови права велат дека ќе поднесат тужба.

Француската политичка класа изрази спектар од емоции по овие скандали. Во минатото тие нашироко се сметале за „работи што се случуваат зад вратата на спалната соба“.
Денеска, некои ламентираат дека француската политика тоне на ниво на англо-саксонски држави, каде известувањето за приватниот живот на јавни фигури може да се смета за фер игра. Други тврдат дека обвиненијата и` помагаат на крајната десница, една година пред француските претседателски избори.

Сепак, други, како францускиот министер за надворешни работи Алан Жупе, изразуваат загриженост.

По наводите за педофилија Жупе на француското радио кажа дека наводите се сериозна работа вредна за истрага. Тој вели дека јавните претставници треба да бидат повеќе од само прекорени.

Скандалите кои се множат исто така ја отворија дебатата за правата на жените. Лидерот на група наречена „Ниту проститутки ниту потчинети“ тврди дека тие сочинуваат вистинска „секс-портал“ во француската политика.

Медиумите се преполни со поплаки за претпоставената мачо и патернистичка култура на и надвор од работното место, изразени не само од женси политичари туку и обични жени во Франција.

XS
SM
MD
LG