Линкови за пристапност

Северна Кореја повика на проширување на производството на ракетни лансери


САД и Јужна Кореја соопштија дека Русија користела севернокорејска воена опрема во нападите врз Украина
САД и Јужна Кореја соопштија дека Русија користела севернокорејска воена опрема во нападите врз Украина

Севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун повика на проширување на производството на ракетни фрлачи, потег што тој рече дека е потребен за „воена пресметка“ со Јужна Кореја и Соединетите држави, објавија во петокот државните медиуми.

Изјавата на Ким дојде само неколку часа откако Вашингтон рече дека Северна Кореја и дала на Русија балистички ракети и лансери што Русија неодамна ги користеше во нападите врз градовите во Украина.

Официјалната севернокорејска централна новинска агенција прикажа слики од Ким и неговата ќерка Џу Ае, како ја обиколуваат фабриката за фрлачи на транспортери, каде што тој повика на „динамична акција за зголемено производство“ на оружје.

Соединетите Американски Држави и Јужна Кореја ја обвинија Северна Кореја дека и испорачува на Русија воена опрема во замена за руската техничка поддршка за унапредување на воените способности на Северна Кореја. Северна Кореја го отфрли обвинението.

Портпаролот на Советот за национална безбедност на Белата куќа, Џон Кирби, во четвртокот изјави дека Соединетите Држави имаат информации дека Русија користела ракетни фрлачи и балистички ракети обезбедени од Северна Кореја во нападите врз Украина во изминатата недела.

XS
SM
MD
LG