Милиони луѓе во североисточните делови на САД, по трет пат за две недели се соочуваат со големo зимскo невреме.
Жителите и локалните власти се справуваат со влијанието и отежнатите услови во државите Роуд Ајленд и делови на Масачусетс.
Невремето донесе нов прекин во воздушниот и железничкиот сообраќај.
Првата бура беше на 2-ри март, при што загинаа осум лица, а пет дена подоцна, следеше уште една.
Метеоролозите најавуваат ново снежно невреме на источното крајбрежје на, следната недела.
Facebook Forum