Линкови за пристапност

Акција против вработувањето на илегални имигранти во САД


Имиграционите агенти вчера посетија десетици продавници на 7-Eleven, да извршат ревизија на вработувањето и да разговараат со работниците, во она што властите го опишаа, како најголема операција против работодавачите под претседателствувањето на Доналд Трамп.

Агентите за цел имале околу 100 продавници низ целата држава. Ревизиите може да резултираат со кривични пријави или парични казни за постапките за вработување.

Вишиот претставник од Имиграционата и царинската управа на САД, Дерек Бенер, за Асошиетед прес изјави дека операцијата е „прва од многуте“ и е „предвесник на она што доаѓа“ за работодавците. Тој рече дека ќе има повеќе вакви ревизии за вработувањето и истраги, иако нема поставено цел колку постапки ќе се спроведат.

Од компанијата 7-Eleven Stores Inc. со седиште во Ирвинг, Тексас, којашто има преку 8.600 продавници во САД, не одговорија на барањето за коментар.

Иако агентите уапсија 21 лице за нелегален престој во државата, на брифингот беше кажано дека акцијата била насочена кон менаџментот.

Администрацијата на Барак Обама во 2013-та година, двојно ги ревидирала ревизиите на работодавачите, на повеќе од 3.100 годишно.

Трамп следи сопствена стратегија, поврзана со поширок фокус на борбата против нелегалната имиграција, вклучувајќи ја и контролата на границата, рече Бенер.

Во акциите може да бидат уапсени некои работници, но властите се насочени кон работодавците, бидејќи некои компании привлекуваат луѓе кои доаѓаат илегално.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG