Линкови за пристапност

Сеул вели дека Северна Кореја ги обновува стражарските пунктови на граница


На оваа фотографија без датум, обезбедена и објавена на 27 ноември 2023 година, од Министерството за одбрана на Јужна Кореја, севернокорејските војници ја поставуваат својата стражарска станица во Демилитаризираната зона во Северна Кореја.
На оваа фотографија без датум, обезбедена и објавена на 27 ноември 2023 година, од Министерството за одбрана на Јужна Кореја, севернокорејските војници ја поставуваат својата стражарска станица во Демилитаризираната зона во Северна Кореја.

СЕУЛ, Јужна Кореја – Северна Кореја ги обновува стражарните пунктови на прцата борбена линија што ги демонтираше за време на претходниот период на меѓукорејско зближување, соопшти војската на Јужна Кореја, откако се зголемија непријателствата меѓу ривалите околу неодамнешното лансирање шпионски сателит на Северна Кореја.

Претходно, Северна Кореја и Јужна Кореја демонтираа 11 од нивните стражарски пунктови на нивната граница, според договорот од 2018 година наменет за олеснување на воените конфронтации на првата линија. Но, договорот сега е во опасност да биде укинат бидејќи двете држави отворено се закануваат дека ќе го прекршат.

Договорот од 2018 година бараше двете држави да ги запрат вежбите за воздушно набљудување и со жив оган во зоните на забранети летови и тампон зони, како и да отстранат некои од нивните стражарски пунктови на првата линија и нагазни мини. Договорот ја остави Јужна Кореја со 50 стражарски местаа, а Северна Кореја со 150.

Откако Северна Кореја тврдеше дека го поставила својот прв воен шпионски сателит во орбитата на 21 ноември, Јужна Кореја соопшти дека делумно ќе го прекине договорот и како одговор ќе продолжи со воздушниот надзор.

Северна Кореја веднаш ја критикуваше одлуката на Јужна Кореја, велејќи дека ќе распореди моќно оружје на. Истакнале и дека нема да се придржуваат до договорот од 2018 година.

Министерството за одбрана на Јужна Кореја соопшти дека откриле чуварски пунктови на Северна Кореја на граничните места каде некогаш стоеле нејзините демонтирани стражарски пунктови и дека Северна Кореја таму распоредила војници и тешко оружје.

Јужнокорејскиот претседател Јун Сук Јеол и наредил на војската внимателно да го следи Северот и да одржува цврста подготвеност, соопшти неговиот кабинет.

Министерството за одбрана на Јужна Кореја подоцна наведе дека е подготвено да „навремено и силно да ја казни“ Северна Кореја поради секоја провокација.

Јужна Кореја, САД и други остро го осудија лансирањето на сателитот на Северот, што го сметаат за провокација што го загрозува регионалниот мир.

Резолуциите на Советот за безбедност на Обединетите нации забрануваат какво било лансирање на сателити од страна на Северна Кореја, бидејќи светската организација ги смета за параван за тестирање на нејзината ракетна технологија со долг дострел. Северна Кореја вели дека има суверени права да лансира шпионски сателити за да се справи со, како што вели, ескалацијата на воените закани предводени од САД.

Висок функционер на Министерството за надворешни работи на Северна Кореја, Ким Сон Ѓонг, одлуката на САД и другите за лансирањето на сателитот ја нарече „типичен израз на најгрозното и најбезобразното кршење на суверенитетот што го негира оправдувањето на постоењето“ на Северна Кореја.

Властите на Јужна Кореја соопштија дека тие потврдиле дека севернокорејскиот сателит влегол во орбитата. Но, потребно им е време за да потврдат дали сателитот функционира нормално.

Државните меидуми во Северна Кореја објавија дека на лидерот Ким Џонг Ун му биле покажани фотографии направени од шпионски сателит од воен објект на американската пацифичка територија Гуам. Државните медиуми претходно соопштија дека на Ким му биле претставени сателитски фотографии од воените бази на САД на Хаваи и клучните локации во Јужна Кореја. Но, Северна Кореја не ги објави тие сателитски снимки.

Јужна Кореја се сомнева дека руската технолошка помош најверојатно и овозможила на Северна Кореја да го испрати шпионскиот сателит во вселената. Јужнокорејски, американски и јапонски официјални лица ја обвинија Северна Кореја дека бара високотехнолошки руски технологии за подобрување на нејзините воени програми во замена за испорака на конвенционално оружје за поддршка на руската војна во Украина. И Русија и Северна Кореја го негираа наводниот договор за трансфер на оружје.

XS
SM
MD
LG