Во писмена изјава за оставката на раководното место во Одделот за правда, Џеф Сешнс кажа дека заминува на барање на претседателот.
Во две пораки на Твитер во средата попладне, претседателот Доналд Трамп објави дека Шефот на кабинет на Сешнс, Метју Витејкер, ќе стане нов генерален обвинител.
Претседателот во една од пораките му се заблагодари на Сешнс за досегашната работа и кажа дека „постојана замена ќе биде номинирана подоцна“.
Трамп имаше изразено незадоволство од Сешнс кога овој одби да се изземе од надзорот на истрагата на специјалниот советник за неговите наводни врски со Русија и изборната претседателска кампања во 2016-та.