Линкови за пристапност

Сешнс го поздрави падот на криминал во САД


Поранешни федерални обвинители реагираат оти падот на криминалот се случил пред Трамп да ги номинира неговите обвинители, во јуни минатата година

Главниот правобранител на САД Џеџ Сешнс, тврди дека е заслужен за почеток на кампањата, која претседателот Доналд Трамп ја нарече „Крај на американскиот злостор“, а што се однесува на справување со криминалот од 2015-та и 2016-та година, последните две години од администрацијата на Обама.

Сешнс, за USA Today минатата недела, укажа на првичните податоци на ФБИ, кои покажуваат дека криминалот во САД се намалил за 0.9 проценти за време на првата половина минатата година, и оти растот на стапката на убиства бил забавен.

„Кога претседателот Трамп беше инаугуриран, тој им вети на граѓаните: американскиот злостор престанува сега и овде“, напиша Сешнс, додавајќи дека ова ветување било исполнето.

Но, криминолозите велат дека е прерано да се зема здраво за готово шестмесечниот извештај за падот на стапаката на криминал, како и дека постојат многу малку докази да се поддржи тврдењето на Сешнс, оти политиката на администрацијата на Трамп придонела за тоа.

„Очигледно е позитивно ако криминалната стапка се намалува, но, мислам дека носење заклучоци за годишни трендови, базирани на шестмесечни податоци е несериозно“, вели криминологот Џеф Ашер од Њу Орлеанс, нагласувајќи дека не е сигурен оти податоците покажуваат промена на ситуацијата.

Главниот правобранител го поздрави падот на криминалот, како дел од зголеменото федерално адресирање на сите видови престапници - членови на банди, трговци на луѓе и вооружени криминални групи.

Но, поранешниот федерален обвинител Томас Ат, вели дека пад на криминалот бил забележан пред Трамп да го најави првиот бран на обвинители во јуни минатата година.

„Едноставно не е искрено да се каже дека федералното обвинителство е причина за падот, кога федералните обвинители, кои Трамп ги номинираше, не беа на функција во тоа време“, рече Ат.

Уште поинтересно, вели тој, е што речиси 90 отсто од кривичните обвиненија во САД се решаваат од локалните и од судовите на сојузните држави, а не од федералните.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG