Истражниот судија во Белград петокот одлучи дека осомничениот за воени злосторства Ратко Младиќ е доволно здрав за да биде испорачан на Меѓународниот суд во Хаг.
Синот на Младиќ, Дарко, преходно го посетил во притворот. Татко му му рекол дека е невин по обвинението за воени злосторства за време на војната во Босна. Дарко Малдиќ исто така кажа дека татко му не е во добра здравствена состојба за да биде испорачан.
Судот на ОН за воени злосторства во поранешна Југославија во 1995-та го обвини Младиќ за тешки злосторства извршени за време на тригодишната опсада на Сараево и за масакрот на 8.000 мажи и мочиња – муслимани во Сребреница.
Русија, која е близок сојузник на Србија, побара праведно и непристрасно судење. Руското Министерство за надворешни работи петокот соопшти дека судењето не треба да се употреби за да се одолговлекува со продолжувањето на работата на Хашкиот суд.
Апсењето на Младиќ, како и на хрватскиот Србин Горан Хаџик, кој се` уште е во бегство, се клучните услови за кандидатурата на Србија за членство во ЕУ.
Српскиот претседател Борис Тадиќ за ЦНН изјави дека се бесмислени тврдењата дека властите во Белград цело време знаеле каде се криел Младиќ.
Хрватскиот претседател Иво Јоспиповиќ коментираше дека апсењето на Младиќ е клучно за меѓународната репутација на Србија.
Босанската органзација на семејствата на воените жртви изрази олеснување по 16-годишното чекање да биде уапсен еден од најбараните обвинети за злосторства во Европа.