Косовскиот претседател Хашим Тачи вели дека дефинирање на границите меѓу Косово и Србија е клучен чекор за придвижување на работите, со цел да се намалат тензиите меѓу двете држави.
Разговорите за границите доаѓаат десет години откако Косово прогласи независност од Србија.
Тачи рече дека не може да пости заедничко признавање без дефинирање на границите.
Непријателските потези се карактеристични за овие две држави, а последен пример за тоа е воведувањето царини од 100 проценти за увоз на српски производи од страна на косовската Влада.
Ваквиот потег дојде како одговор на напорите на Белград да го блокира членството на Косво во меѓународни организации.
Царините уследија ден откако пропадна обидот на Косово да стане членка на Интерпол, што се верува дека е резултат на српско лобирање.
По средбата со Тачи во понеделникот, државниот секретар на САД Мајк Помпео побара Косово да ги преиспита царините за производите од Србија и од Босна и Херцеговина, како и да работи со Србија за надминување на тензиите и провокациите.
Facebook Forum