Линкови за пристапност

Вучиќ: Србија ќе се обиде да ги сочува мирот и стабилноста


Претседателот рече дека војската сепак останува подготвена да ги заштити граѓаните ако дојде до ескалација на тензиите

Србија денес ја стави во полна подготвеност војската, откако косовската полиција влезе во северниот дел на Косово, со српска доминација, каде упаси десетици луѓе.

Ова е ескалација на тензиите меѓу Србија и нејзината поранешна покраина, што прогласи независност од Белград во 2008 година, по крвавата војна во 1998-99 година, која заврши со интервенција на НАТО.

90 отсто од населението во северниот дел на Косово се Срби, кои не сакаат да бидат дел од независно Косово. Преземање акција од косовската специјална полиција е реткост и секогаш предизвикува гнев кај Србите.

Српскиот претседател Александар Вучиќ рече дека косовската полиција упасила 23 лица, меѓу кои Срби, Босанци и Руси, нагласувајќи дека операцијата била изведена да се заплаши српското малцинство во Косово, чија популација во најголем дел ја сочинуваат етничките Албанци.

Вучиќ рече дека војниците се подготвени да ги заштитат Србите во случај на ескалација на тензиите.

„Србија ќе се обиде да го сочува мирот и стабилноста, но, ќе бидеме целосно подготвени да ги заштитиме граѓаните“, рече тој.

Тој додаде дека косовските полицајци почнале да се повлекуваат.

Косовскиот премиер Рамуш Харадинај потврди на Твитер дека полицијата извела акција против криминална операција.

Портпаролот на мировната мисија на НАТО рече дека ја набљудуваат ситуацијата и се координираат со властите.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG