Американците денес ја одбележуваат 17-годишнината од терористичкиот напад на 11. септември 2001-та година, при кој загинаа речиси 3.000 лица во Њујорк, Вирџинија и Пенсилванија.
Претседателот на САД Доналд Трамп присуствува на церемонија во Пенсилванија, каде се урна еден од трите авиони на ал-Каида.
Трамп рече дека ова зло не го скршил духот на државата и нејзината заложба за слобода.
„Денес се собравме за да се потсетиме на оваа безвременска вистина: Кога Америка е обединета, ниту една сила на земјата не може да не` раздели“, рече Трамп.
Местово каде авионот удри во зградата на Пентагон од раноутрово е покриено со американското знаме.
На тамошната церемонија, пак, присуствува потпретседателот Мајк Пенс.
И во Њујорк стотици преживеани и членови на семејствата на загинатите им оддаваат почит на жртвите пред Светскиот трговски центар.
Facebook Forum