САД денес одбележуваат 18 години од терористичките напади на 11 септември во Њујорк, Вирџинија и Пенсилванија, при кои беа убиени 3.000 лица.
Претседателот Доналд Трамп го почна денот со момент на тишина во Белата куќа, пред да отиде на церемонија во Пентагон во чест на семејствата на жртвите.
Од раноутрото, пак, страната на Пентагон во која удри авионот, е покриена со американското знаме.
Во Њујорк стотици преживеани и семејства на загинатите се собраа во Светскиот трговски центар, каде ал-Каида ги сруши кулите близначки.
Потпретседателот на САД Мајк Пенс присуствува на церемонии во Пенсилванија, каде се урна третиот авион, откако патниците презедоа контрола врз терористите.
19 лица поврзани со ал-Каида ги изведоа терористички напади.
Facebook Forum