Линкови за пристапност

Сепаратизмот - главоболка за европските лидери


Сепаратистите ширум Европа, со интерес ги следат барањата на Каталонија за отцепување од Шпанија, а истото важи и за европските лидери, кои стравуваа дека настаните би можеле да предизвикаат домино-ефект.

Вртејќи и` грб на Барселона и поддржувајќи го Мадрид, претседателот на ЕУ Жан-Клод Јункер, рече дека утре или следниот ден, не сака ЕУ со 95 различни земји“.

Со исклучок на политичките лидери во Шкотска и Белгија, ниту еден европски лидер не проговори за поддршка на аспирациите за независност на каталонските сепаратисти, иако многумина изразија загриженост во справувањето со најтешката уставна криза во Шпанија изминативе 40 години.

Сега, кога се чини дека Мадрид има директна контрола врз североисточниот дел на земјата, во Брисел е забележано своевидно олеснување. Иронично, каталонскиот сепаратистички лидер Карлес Пуџдемон во моментов се наоѓа токму во Белгија, и можно е да аплицира за политички азил. Барем во оваа фаза, обидите за независност на Каталонија не успеаа.

Сепак, главните причини што доведоа до сецесионистичката политика, не се исчезнати. Соочени со Брегзит и порастот на антиевропскиот популистички национализам, последната работа што ја сакаат лидерите на Унијата, се отцепувањата и можните гранични спорови.

Отцепувањата го доведуваат Брисел пред сложени проблеми за тоа дали одредени земји заслужуваат членство во ЕУ, а тука е и влијанието врз економијата и начините за справување со долговите за суверенитет.

Каталонската криза се случи непосредно откако Брисел забележа одредено олеснување околу победите на политичките централисти во Франција и Холандија, а победата на Ангела Меркел, само надодаде на надежта дека националистичкиот бран зајакнува.

Дали другите сепаратистички движења ќе се зајакнат? Неуспешниот обид за независност од страна на каталонските сепаратисти, може да претставува своевиден нарушувач на одредени аспирации, велат аналитичарите.

Накусо, на европскиот континент има 19 други региони каде национализмот или автономијата се во фокусот. Некои од нив, не предизвикуваат загриженост, како малиот остров во Данска, Борхолм и островите Фаро, а тука е и францускиот остров Корзика.

Во неколку други европски региони: Баварија, Британи, Шекли во Романија, Горна Шлезија и Моравија во Чешката Република, Сицилија, Италија - движењата за независност постојат, но немаат политичка моќ.

Повознемирувачко би било отцепување во Белгија. Фландерс, напредниот регион со главно холандско население на северот на земјата, веќе подолго време се залага за одвојување.

Друго жариште можно е да бидат богатите региони на Ломбардија и Венето, на кои отпаѓа четвртина од италијанското население. Во необврзувачки референдуми порано месецов, обата региона на кои отпаѓаат 30 проценти од италијанскиот БДП, гласаа во полза на поголема контрола врз економските и даночни прашања, имиграцијата и образованието.

Ниту еден од овие региони не бара независност, но нивниот однос кон Рим, се заострува.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG