Линкови за пристапност

Сенатот на САД конечно го одвои законот за странска помош од 95 милијарди долари


Американскиот Сенат денес го стави на гласање нацрт-законот за странска помош од 95 милијарди долари и со 67 „за“ и 32 „против“, за конечно да биде обезбедена помош од 60 милијарди долари за Украина и 14 милијарди долари помош за Израел.

По повеќечасовни преговори, Сенатот го помина прагот од 60 гласа потребни за да се оди на конечно гласање за пакетот помош што вклучува милијарди долари помош за индо-пацифичките земји кои се соочуваат со кинеската агресија.

Водачот на мнозинството во Сенатот, Чак Шумер, ја воведе мерката доцна во средата, откако во Сенатот пропадна двопартискиот договор за гранична безбедност од 118 милијарди долари, и покрај повеќемесечните преговори.

Шумер рече дека се консултирал со Белата куќа за резервен план откако поранешниот претседател Доналд Трамп, наводно, контактирал со републиканските сенатори и побарал од нив да не гласаат за двопартискиот договор.

„Знаевме пред околу една недела за мешањето на Трамп. Тој рече дека претпочита хаос на границата затоа што мисли дека тоа ќе му помогне во изборите што следат. Знаевме дека можеби ќе треба да имаме некокаква посебна опција“, им рече Шумер на новинарите.

Доколку биде усвоен, двопартискиот договор ќе го зголеми капацитетот за притвор за имигрантите, ќе ја прекине практиката на дозволување на мигрантите да останат во САД додека бараат азил и ќе им овозможи на претседателите привремено да ја затворат границата меѓу САД и Мексико доколку премините достигнат одредени нивоа. Конзервативните републиканци во Сенатот велат дека само законот не е доволен.

„Овој предлог-закон не е доволен“, рече сенаторот Тед Круз претходно оваа недела. „Разберете дека оваа гранична криза е намерна. Таа е предизвикана од Џо Бајден. Тој ја предизвика со неговите сопствени еднострани одлуки“.

Прашањето за имиграцијата, долго нерешено од Конгресот и последователните републикански и демократски претседателства, брзо стана тема оваа година во политиката на кампањата за претседателските избори во 2024 година.

Сенатот се очекува да работи во текот на овој викенд, бидејќи законодавците имаат да додадат и дополнителни амандмани.

Бајден на прес-конференцијата во вторникот рече дека ќе бара одговорност од Трамп за доаѓањето на повеќе мигранти. Според постоечкиот закон, многумина кои влегуваат илегално и бараат азил можат да останат во САД со месеци или години пред судовите за имиграција да ги разгледаат нивните случаи.

XS
SM
MD
LG