Линкови за пристапност

Сенатот гласаше да се укине мерката со која се дозволи војната во Ирак


Некои законодавци кои гласаа за војната во Ирак пред две децении сега велат дека тоа било грешка
Некои законодавци кои гласаа за војната во Ирак пред две децении сега велат дека тоа било грешка

Сенатот денес гласаше за укинување на резолуцијата која даде зелено светло за инвазијата на Ирак во 2003 година, двопартиски напор да се врати основната воена моќ на Конгресот, 20 години по овластувањето што многумина сега го сметаат за грешка.

Смртните случаи во Ирак се проценуваат на стотици илјади, а речиси 5.000 американски војници беа убиени во војната откако администрацијата на претседателот Џорџ В. Буш погрешно тврдеше дека Садам Хусеин складирал оружје за масовно уништување.

„Ова тело побрза во војна што имаше огромни последици“, рече демократскиот сенатор од Вирџинија Тим Кејн, кој со години се залагаше за укинување на овластувањата.

Сенаторите гласаа со 66 наспроти 30 гласа да се укине мерката од 2002 година, а исто така и овластувањето од 1991 година, што ја санкционираше Заливската војна предводена од САД.

Доколку се усвои од Претставничкиот дом, укинувањето нема да се очекува да влијае на тековните воени распоредувања.

Но, законодавците од двете партии се` повеќе се обидуваат да ги вратат овластувањата на Конгресот што ѝ ги дадоа на Белата куќа за американските воени напади и распоредувања.

Некои законодавци кои гласаа за војната во Ирак пред две децении сега велат дека тоа било грешка.

Извор: АП

XS
SM
MD
LG