Линкови за пристапност

Се надевам Грција ќе го тргне ветото, па ќе чека промена на Уставот


Интервју со сенаторот Крис Марфи
please wait

No media source currently available

0:00 0:01:39 0:00

За внимателни промени ќе бидат потребни и две години, вели демократскиот сенатор Крис Марфи во интервју за Гласот на Америка

Уставна промена за името ќе биде тешко да се направи, вели демократскиот сенатор Крис Марфи, по кусата посета на Македонија викендов.

„Премиерот треба внимателно да размисли дали тоа е можно или не. Се надевам дека ако тоа е на маса за преговори, Грците ќе разберат колку долго ќе треба да трае, бидејќи вистинска уставна промена може да се случи и за две години“, вели сенаторот во интервју за Гласот на Америка.

Марфи се надева оти согласноста на Македонија да го промени името за надворешни цели ќе биде доволно за Грција да го тргне ветото за влез во НАТО, а дури потоа да очекува да се направи внимателна промена на Уставот.

„Има отвореност од страна на премиерот да се стави географска одредница, како дел од името. Се надевам дека Грците ќе сакаат да направат компромис, за да успееме да ја однесеме Македонија во НАТО и во Европската унија“, вели тој.

Нагласува дека Македонија треба да влезе во НАТО, за да не биде мета на Русија, која според него, јасно кажала дека ќе се обиде да ја повреди државата ако продолжи со процесот за зачленување во Алијансата.

„Не правите грешка. Она што Русите сакаат е Македонија да остане надвор од НАТО и од ЕУ, и да биде економски неразвиена, така што тие ќе дојдат и ќе се обидат да ја спасат“, убеден е Марфи

Сенаторот ја истакна поддршката на САД да се направат финалните промени за решавање на спорот, и најави дека има многу републиканци и демократи кои ќе помогнат да се постигне оваа цел.

Тој, исто така, порача опозицијата да се охрабри и да помогне да се изгласа Законот за употреба на јазиците, како последен чекор од имплементацијата на Охридскиот договор.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG