Линкови за пристапност

Филибастерот „умре“


Демократските сенатори променија правило што беше во употреба 200 години; Републиканците лути

Демократите во американскиот Сенат направија историја во четвртокот со промена на правилата што им овозможија на републиканците да блокираат номинации на Претседателот Барак Обама за правосудната и извршната гранка.

Сенаторите гласаа 52 спрема 48 во корист на промена на правилата кои беа во сила во Сенатот 200 години.

Новите правила редуцираат од 60 на 51 глас потребни во 100-члениот Сенат за прекин на процедурални пречки наречени филибастери.

Опозиционата партија понекогаш користи филибастер за блокирање на номинации на претседателот за функции во извршната и правосудна бранша. Републиканците ја користеа тактиката против бројни номинации на Обама.

Претседателот им се заблагодари на сопартијците демократи. Тој републиканските филибастери ги нарече мистериозна тактика што попречува голем дел од работата во државата да биде завршен.

Лутиот сенатски лидер на малцинските републиканци Мич МекКонел кажа дека демократите користат игра на моќ. Тој ги предупреди дека еден ден тие ќе бидат малцинска партија.
XS
SM
MD
LG