Линкови за пристапност

Распит во Сенатот за Рекс Тилерсон - номиниран за државен секретар на САД


Ова е втор ден на распити за потврда на номинациите на новоизбраниот претседател Трамп за членови на неговата администрација.

Рекс Тилерсон, кого новоизбраниот претседател Доналд Трамп го номинираше за функцијата државен секретар, денеска се наоѓа на распит во Сенатот.

Тој истакна дека Русија претставува опасност на САД и „неодамнешните активности ги заобиколиле американските интереси“.

„Русија мора да сноси одговорност за своите активности, како инвазијата на Украина“, рече тој.

Во уводното излагање пред Сенатската комисија за односи со странство, Тилерсон подвлече дека „нашите НАТО-сојузници со право се алармирани заради повторното заживување на Русија“ и додаде дека Трамп поддржал поблиски односи со Русија за да се обрне внимание на оживувањето што се случило „во отсуство на американското раководство“.

Тилерсон воедно ја истакна потребата од „отворен и искрен дијалог со Русија околу нејзините амбиции“, е потребен, за САД да можат да го планираат ангажманот.

Рекс Тилерсон неодамна поднесе оставка на функцијата извршен директор на „Ексон Мобил“.

Неколкумина сенатори, вклучувајќи го Џон Мекејн и Марко Рубио, изразија загриженост за врските на Тилерсон со Русија и Путин.

XS
SM
MD
LG