Линкови за пристапност

Сенатот постигна договор за буџетот


Верзијата повторно оди во Претставничкиот дом, и доколку двете мерки се усогласат, одат на потпис кај претседателот Трамп, со што ќе станат закон

Сенатските лидери соопштија дека постигнале согласност за буџетот на САД за 2018-та година, со кој за потребите на одбраната и домашните програми во рок од две години, ќе се обезбедат 300 милијарди долари.

Ова го изјавија лидерот на сенатското мнозинство Мич Меконел и лидерот на малцинството во Сенатот, Чак Шумер, а договорот е постигнат со цел да се избегне уште едно делумно затворање на владата.

Сенатската верзија сега повторно оди во Претставничкиот дом, кој вчера усвои свој краткорочен план. Доколку двете верзии се усогласат, мерката ќе биде испратена на потпис кај претседателот на САД Доналд Трамп, со што ќе стане закон.

Рокот за владиното финансирање истекува утре, на полноќ.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG