Линкови за пристапност

Одложено гласањето за реформа на даночниот систем


Републиканците во Претставничкиот дом и Сенатот го одложија финалното гласање за реформа на даночниот систем на САД.

Лидерот на мнозинството рече дека гласањето во врска со мерката ќе се одржи за подоцна во денот.

Републиканците велат дека сакаат да додадат нов дел во мерката по барање на мала група на законодавци чија поддршка е потребна за да биде прифатено едно од клучните ветувања од претседателската кампања на Доналд Трамп.

Републиканците имаат мнозинство во два члена во Сенатот, но тројца сенатори од нивните редови веќе се изјаснија против предлогот, што значи дека тој нема да помине со оглед на тоа дека демократската опозиција е обединета.

Со новиот предлог ќе се намалат корпоративните даноци, привремено ќе се намали данокот на приход, ќе се зголемат даночните одбивања што Американците може да ги побараат, а некои ќе бидат елиминирани. Исто така ќе се зголеми национален долг, кој во моментов изнесува повеќе од 20 трилиони долари.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG