Линкови за пристапност

Сенатот изгласа финансирање на владата до септември


Трамп го поздрави носењето на Законот за владино трошeње, но не исклучи делумно владино затворање, ако нема компромис за следната фискална година

Сенатот денес го донесе Законот за владино трошење од еден трилион долари, со кој се обезбедува финансирање на владата до септември.

Гласањето со 79 наспроти 18 гласови, дојде еден ден откако Претставничкиот дом ја одобри мерката, која сега чека потпис од претседателот Доналд Трамп, за да стане закон.

„Ова покажува како републиканците и демократите во двата дома на Конгресот работат со Белата куќа, со цел да донесат важна легислатива, како и да обезбедат функционирање на владата“, изјави републиканскиот сенатор од Тексас Џон Корајн.

Лидерот на малцинството, демократот Чак Шумер рече дека Законот за владино трошење е доказ дека Вашингтон може да функционира, кога се работи заеднички.

„Според мое мислење, ова е многу добар закон за американскиот народ“, нагласи Шумер.

По недели преговори меѓу конгресните лидери и Белата куќа, овој закон предвидува повеќе средства за американската војска, како и за осигурување на безбедноста на границите.

„Законот ќе помогне Одделот за домашна безбедност да вработи повеќе гранични патроли и гранични официјални лица, да се подобри инфраструктурата на пристаништата за влез и контрола, како и да се вработат повеќе имиграциони судии за спроведување на имиграционите дела“, изјави Корајн.

Со законот не се предвидени пари за изградба на ѕидот на границата со Мексико, и нема провизија за казнување на локалните влади, кои одбиваат да соработуваат со федералните надлежни лица во идентификување и отстранување на недокументарните имигранти.

Трамп, на Твитер, го поздрави компромисот за буџетот, но додаде дека не треба да се исклучи делумно затворање на владата на почетокот на наредната фискална година, која почнува на први октомври, ако не се најде заеднички јазик за владините трошоци меѓу Конгресот и Белата куќа.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG