Линкови за пристапност

Џеф Сешнс положи заклетва на функцијата главен правобранител


Со 52 гласа „за“ и 47 „против“, Сенатот го потврди Сешнс на позицијата, што уследи по еднодневната жестока дебата меѓу демократските и републикански законодавци.

Сенаторот Џеф Сешнс денеска на церемонија во Белата куќа, положи заклетва на функцијата главен правобранител.

Претходно, со 52 гласа „за“ и 47 „против“, Сенатот го потврди Сешнс на позицијата, што уследи по еднодневната жестока дебата меѓу демократските и републикански законодавци.

Сешнс е долгогодишен сенатор од Алабама. Тој го поддржуваше Трамп уште на почетокот на неговата претседателска кампања, како и ставовите за илегалната имиграција во САД.

Џеф Сешнс е сенатор изминативе 20 години. Претходно бил главен правобранител на сојузната држава Алабама и федерален обвинител. Во 1986-та тогашниот претседател Роналд Реган го номинираше за федерален судија, но Сенатот гласаше против, заради наводите дека во минатото имал расни предрасуди.

XS
SM
MD
LG