Лидерите на Сенатската комисија за разузнавање денес ќе ги соопштат најновите информации за истрагата за наводното руско мешање во претседателските избори во 2016-та година, и дали кампањата на претседателот Доналд Трамп соработувала со Кремљ.
Претседавачот со Комисијата Ричард Бур и демократот Марк Ворнер денес треба да одржат прес конференција, на која ќе ги објават заклучоците до кои дошле, како и плановите како да се спречи евентуалното руско мешање во изборите во САД во иднина.
Официјални лица наводно нема да може да чекаат да заврши истрагата, пред да истакнат во јавноста дека Русија веројатно повторно ќе се меша.
Мнозинството од тимот на Трамп за национална безбедност се согласи со заклучокот на разузнавачката заедница, дека Русија дефинитивно се мешала во ланските избори, во корист на Трамп.
Претседателот нема изјавено дека им верува.
Бур и Ворнер можеби ќе објават повеќе информации за улогата на социјалните медиуми во изборите.
Facebook Forum