ВАШИНГТОН —
Сенатската комисија за надворешни работи денес го ратификуваше Протоколот за влез на Северна Македонија во НАТО. Сите сенатори гласале за, освен републиканскиот сенатор од Кентаки Ренд Пол.
Следен чекор е Протоколот да биде ставен на гласање во Сенатот.
Претходниот месец, Комисијата за надворешни работи на Сенатот одржа сослушување на кое се разгледа пристапувањето на Северна Македонија во НАТО.
Сведоци на сослушувањето беа помошник - државниот секретар на САД за Европа и Евроазија Филип Рикер, и Кетрин Вилбаргер, американски заменик - помошник секретар за одбрана за меѓународни безбедносни прашања.
Facebook Forum