Мошне поделениот Сенат, со 57 гласови „за“ и 42 „против“, ја потврти номинацијата на претседателот Доналд Трамп, досегашниот директор на ЦИА Мајк Помпео, да биде новиот американски државен секретар.
Помпео ќе го замени Рекс Тилерсон, кој минатиот месец беше отпуштен од претседателот Доналд Трамп. Со потврдата, Помпео ќе може да присуствува на утрешниот Самит на НАТО, како шрв човек на американската дипломатија.
Додека сенатските републиканци беа обединети за номинацијата, повеќето демократи критикуваа, главно заради, како што рекоа агресивната реторија, антагонизмот спрема муслиманите и лицата од ЛГБТ заедницата.
На новата позиција го чекаат горливи проблеми како иранската нуклеарна програма и Северна Кореја со чиј лидер неодамна се сретнал.
Facebook Forum