Линкови за пристапност

САД ќе бараат нов специјален обвинител, ако не се продолжи мандатот на сегашниот?


САД: На Северна Македонија и` останува работа да ги заврши реформите
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:36 0:00

Сенатската комисија за надворешни работи ја нагласи потребата од реформи и владеење на право, со цел државата да влезе во НАТО и ЕУ

САД ќе продолжат да разговараат со Владата на Северна Македонија за потребата од постоење на Специјално јавно обвинителство, изјави Филип Рикер, американски помошник државен секретар за Европа и Евроазија, за време на вчерашниот распит во Сенатската комисија за надворешни работи.

Рикер ја истакна важноста на оваа институција, откако сенаторот Боб Менендез праша дали има потреба САД да бараат ново назначување на специјален јавен обвинител, со оглед на тоа што мандатот на сегашниот истекува следната година.

„Ќе продолжиме да зборуваме со Владата за тоа, бидејќи сакаме да постои оваа инстуитуција, која е суштинска за движење на државата напред“, рече Рикер.

Тој нагласи дека Северна Македонија работела напорно за влез во НАТО Алијансата, но, и оти сега на ред е Европската Унија да ја награди државата за исполнување на потребните реформи.

„Бирократијата и патот да се утврди конкретен датум за пристапни преговори е нешто што зависи од земји - членките на ЕУ. Што се однесува до САД, ние ја истакнуваме важноста за НАТО процесот, и очекуваме напорите на државата да ги видиме наградени. Веруваме дека и ЕУ ги има истите цели“, изјави Рикер по вчерашниот распит, во интервју за Гласот на Америка.

Покрај Рикер, сведок на вчерашниот распи за подготвеноста на државата за влез во евроатлантските институции беше и Кетрин Вилбаргер, американски помошник секретар во Пентагон за меѓународни безбедносни прашања.

Таа рече дека справувањето на дражвата со руската пропагнда е показател дека нејзиното место е во НАТО и во ЕУ.

„Државата успева да види какви пораки Русија би испратила, подгревајќи анти НАТО реториката и етнички тензии. Потоа им порачува на граѓаните дека треба да очекуваат вакви пораки и да не паѓаат во замка“, рече Вилбаргер.

Сенатската комисија за надворешни работи потенцираше дека брзата ратификација на Протоколот за влез на Северна Македонија во НАТО ќе покаже не само дека САД стојат зад нешто што го поддржуваат, туку и дека НАТО е важна и силна Алијанса.

Сенаторите сметаат дека итната реакција на САД ќе испрати порака до европските партнери да ја сфатат важноста од евроинтеграцијата на Северна Македонија, која ќе биде клучна не само за стабилноста на државата, туку и за целиот регион.

Сепак, според нив, на државата и` останува работа да ја усоврши демократијата. Порачаа членките на НАТО да ја повикаат целосно да ги адресира предизвиците, и процесот да го сметаат за завршен само кога ќе се исполнат сите реформи.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG