Линкови за пристапност

Номинациите на Бајден за трговија и здравство на сослушување во Сенатот


Номинациите на претседателот на САД Џо Бајден за трговски претставник, официјално лице за здравство и помошник секретар за здравство, денес, се очекува да сведочат во надлежните комисии на Сенатот.

Кетрин Тај, номинацијата за трговска претставничка на САД, во пишана изјава пред сослушувањето, рече дека би го приоритизирала обновувањето на меѓународните алијанси и враќањето во меѓународните институции, со цел да се адресираат заедничките предизвици, како климатските промени, пандемијата на ковид-19 и економските последици од неа.

Таа рече дека би сакала да се фокусира на спроведување на трговскиот договор САД-Мексико-Канада, велејќи дека договорот постигнат за време на администрацијата на поранешниот претседател Доналд Трамп претставува важен чекор во обновување на пристапот кон трговијата.

Таа, исто така, ја нагласи потребата Кина да се повикува на одговорност.

Доктор Вивек Марти е номинацијата на Бајден да го предводи здравствениот оддел, и за „Еј-би-си“ тој рече дека негов главен приоритет би бил да се стави крај на пандемијата, која досега одзеде над 505.000 животи во САД.

Доктор Рејчел Ливајн, е номинација за помошник-секретарка на Одделот за здравство и човечки ресурси.

Доколку биде потврдена, таа би била првото јавно трансродово лице на федерална функција.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG