Линкови за пристапност

Сенаторот Џонсон: Очекувам разврска која ќе ја внесе Македонија во НАТО


Сенаторот Џонсон: Очекувам разврска која ќе ја внесе Македонија во НАТО
please wait

No media source currently available

0:00 0:00:57 0:00

Тој, за Гласот на Америка, изјави дека позитивна вест во врска со референдумот е тоа што огромното мнозинство од оние што гласале се изјасниле позитивно

Сенаторот Рон Џонсон порача дека САД ќе продолжат да ја охрабруваат имплементацијата на Договорот со Грција.

Тој, за Гласот на Америка, изјави дека позитивна вест во врска со референдумот е тоа што огромното мнозинство од оние што гласале се изјасниле за влез во ЕУ и НАТО.

„Зборувајќи со двајцата премиери видов дека тие се посветени да се оди низ законодавен процес за ратификација на Договорот кој го постигнаа. Ќе продолжиме да ја охрабруваме неговата имплементација“, вели Џонсон.

Тој нагалсува дека разбира оти двете држави се многу емотивни по ова прашање.

„Искрено верувам дека од храброста на овие двајца премиери, кои сфатија дека штом ќе се имплементира овој договор двете држави ќе се свртат назад и ќе кажат дека ова беше добра работа што ја направиле, и оти сега може да продолжат напред“, изјави сенаторот, додавајќи дека очекува разврска на ситуацијата, која ќе доведе до влез на Македонија во НАТО Алијансата.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG