Линкови за пристапност

Сенатот го поздрави договорот за името меѓу Заев и Ципрас

Договорот ја потврдува стабилноста во југоисточна Европа, и е важна за безбедносните интереси на САД, се вели во резолуцијата од осум сенатори

Сенатот го поздрави договорот меѓу Македонија и Грција за решавање на спорот за името, како и да се зацврстат билатералните односи за доброто на двете држави, се вели во резолуцијата потпишана од осум сенатори.

„Честитки за премиерите Алексис Ципрас и Зоран Заев, и за министрите за надворешни работи Никос Коѕијас и Никола Димитров, нивните тимови и народот, за овој историски договор“, нагласува резолуцијата.

Според неа, Договорот ја потврдува стабилноста во југоисточна Европа, и е важна за безбедносните интереси на САД.

„Ги осудува напорите на Владата на Руската Федерација да ги наруши овој договор и поддршката на САД кон властите на Атина и Скопје да се справат со раширеното руско влијание“, велат сенаторите.

Тие ја охрабруваат Македонија „да продолжи да ги имплементира важните реформи, со цел да влезе во НАТО и во Европската унија, вклучувајќи ги и оние што се однесуваат на заштита на слободата на изразување, зацврстување на владеење на правото и борба против корупцијата“.

Резолуцијата, исто така, ги повикува Одделот за трговија на САД и Стејт департментот, како и други релевантни агенции ди ги поддржат американските компании, кои се заинтресирани да инвестирааат во југоисточна Европа.

Обединетата македонска дијаспора (ОМД) изрази незадоволство од резолуцијата на Сенатот.

„ОМД е незадоволна од резолуцијата на Сенатот бр.602, претставена вчера од страна на сенаторот од Конектикат Крис Марфи и сенаторот од Висконсин Рон Џонсон, која е навредлива за македонскиот народ, и е спротивна на долгогодишните принципи и политики на САД во поддршка на националното право на самоопределување“, се вели меѓудругото во реакцијата на ОМД, која побара поништување на резолуцијата.

This item is part of

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG