Американските сенатори предложија двопартиски пакет од еден трилион долари за обнова на инфраструктурата. Законодавците сега ќе имаат можност да понудат амандмани на законот, кој е образложен на 2.700 страници.
Предлогот уследи по недели преговори меѓу демократските и републиканските сенатори, заедно со Белата куќа. Тој опфаќа 550 милиони долари за нови трошоци, вклучувајќи и 450 милијарди долари од претходно одобрените средства.
Финансискиот пакет предвидува 110 милијарди долари за патишта и мостови, 39 милијарди долари за јавен транспорт и 66 милијарди долари за железници.
Педесет и пет милијарди долари се предвидени за вода за пиење и воден систем, како и милијарди долари за аеродроми, пристаништа, интернет и станици за полнење на електрични возила.
„Верувам дека Сенатот ќе може брзо да ги вметне релевантните амандмани и да го донесе законот во рок од неколку денови“, изјави лидерот на мнозинството во Сенатот Чак Шумер.
Републиканскиот сенатор Роб Портман, еден од преговарачите на пакетот, рече дека тој ќе биде одличен за американскиот народ.
Белата куќа предвидува дека обновата на инфраструктурата ќе отвори два милиона нови работни места, главно во градежниот сектор, во наредната деценија.
Facebook Forum