Линкови за пристапност

И Сенатот и Претставничкиот дом планираат да гласаат за полициските реформи следната недела


Републиканците и демократите поддржуваат формирање комисија, чија цел би била истражување на причините за криминал во малцинските заедници

Сенатот и Претставничкиот дом планираат да гласаат следната недела за предлозите за полициски реформи.

Комисијата за правосудство на Претставничкиот дом го одобри планот на мнозинството демократи, со кој би се забранила употребата на техниката на давење, би се ограничел имунитетот на полицајците, олеснувајќи им на тој начин на лицата, кои сметаат дека биле оштетени при полициска акција, да поднесат тужби против нив.

Лидерот на мнозинството во Сенатот Мич Меконел, рече дека републиканскиот план ќе се стави на процедурално гласање.

Овој план, пак, предвидува сојузните и локалните влади да одговараат пред Одделот за правда за употребата на налозите издадени од судија, при полициски рации на лица осомничени за криминал.

Исто така, би го ограничило федералното финансирање, ако полициските агенции немаат политики за забрана на употреба на техниката на давење, освен кога затоа има авторизација.

И републиканците и демократите поддржуваат формирање комисија, чија цел би била истражување на причините за криминал во малцинските заедници.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG