Линкови за пристапност

Сенатот со итна легислатива за полициски реформи


Се очекува да се гласа следната недела

Републиканците во Сенатот денес предложија нова легислатива, со која ќе се повикуваат на одговорност полицајците за нивните акции на улиците во Америка.

Демократите од Претставничкиот дом, пак, најавија унапредување на нивните мерки за спречување на полициската бруталност.

Се`уште не се знае дали законодавците ќе постигнат согласност за новите мерки пред претседателските и конгресните избори во ноември.

Републиканците, предводени од сенаторот Тим Скот, бараат нови задолжителни услови околу употребата на сила од страна на полицијата, како и да се лимитира федералното финансирање на полицијата на локално и сојузно ниво.

Претседателот на САД Доналд Трамп, вчера потпиша извршна наредба за реформи во полицијата, и вети оти ќе работи со Конгресот на дополнителни мерки.

Републиканската легислатива би значела сојузните и локалните влади да одговараат пред Одделот за правда за употребата на налозите издадени од судија, при полициски рации на лица осомничени за криминал.

Исто така, би го ограничила федералното финансирање, ако полициските агенции немаат политики за забрана на употреба на техниката на давење, освен кога затоа има авторизација.

Сенатот би можел да гласа за новата легислатива уште наредната недела.

Трамп, пак, нагласи дека не би зел предвид какви било промени во правната заштита на полицајците, за потенцијално можно тужење од страна на граѓани.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG