Линкови за пристапност

Конгресменот Роџер Маршал е републиканска номинација од Канзас за Сенатот


Маршал ќе биде во трка против Барбара Болир за пополнување на местото на републиканскиот сенатор Пет Робертс кој заминува во пензија

Гласачите во Канзас го избраа конгресменот Роџер Маршал од вкупно 11 републиканци, меѓу кои и поранешниот секретар на сојзуната држава Крис Кобач, да биде номинација за Сенатот во САД на изборите во ноември.

Маршал ќе биде во трка против Барбара Болир за пополнување на местото на републиканскиот сенатор Пет Робертс кој заминува во пензија.

Робертс го поддржа Маршал, како и многу републикански лидери, кои изразија загриженост дека гласачите можеби нема да го поддржат Кобач поради неговата поларизирана работа.

Во Аризона, пак, трката за Сенатот е меѓу републиканката Марта Мексели и поранешниот астронаут, демократот Марк Кели.

Долгогодишниот конгресмен Леси Клеј од Мисури ќе го изгуби местото во Претставничкиот дом, откако гласачите на демократските примарни избори ја избраа прогресивната активистка Кори Буш.

Изборните официјални лица во Мичиген денес се очекува да го прогласат нивниот победник.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG