Демократите во Сенатот преку парламентарната тактика „филибастер“, аргументираа 24 часа, во знак на протест за Бетси Девос, номинирана од претседателот Трамп на функцијата секретар за образование.
На демократите против бизнисменката Девос, им се придружија и двајца републикански законодавци.
Демократите велат дека Девос има намера да ги намали и онака малите државни фондови и да го испразни јавниот образовен систем на САД.
Денеска се очекува гласовите во Сенатот за потврда на Девос на функцијата да бидат поделени 50-50, и доколку тоа се случи, потпретседателот Мајк Пенс ќе треба да го даде својот глас. Овој развој на ситуацијата ќе биде без преседан за една претседателска номинација.