Сенатот во американскиот Конгрес со тесно мнозинство во петокот изгласа да биде ограничена дебатата за номинацијата на кандидатот на Претседателот Доналд Трамп за судија во Врховниот суд, Брет Кавана. Со тоа се отвори патот за фактичкото гласање што може да се случи уште во сабота.
Процедуралното гласање не е поврзано со тоа како сенаторите всушност ќе гласаат, дозволува дебата во Сенатот до 30 часа пред да се одржи конечното гласање. Гласањето беше главно по партиска линија, 51 спрема 49 гласови. Џо Манчин единствениот демократ кој гласаше во полза на напредување на кандидатурата, и Лиса Марковски беше единствената републиканка која гласаше негативно.
Гласањето уследи еден ден откако републиканците излегоа со став дека извештајот на ФБИ не ги потврдил обвинувањата дека Кавана извршил сексуален напад.
Facebook Forum