Линкови за пристапност

Сенатот отфрли пет буџетски планови


Како што се очекуваше, американскиот Сенат во среда отфрли пет различни буџетски планови за 2013, вклучувајќи еден што е речиси идентичен на предлогот понуден од претседателот Барак Обама.

Законодавците едногласно го отфрлија планот поднесен од републиканците и базиран на претседателскиот буџет, со 99 спрема нула гласови. Демократската партија на Обама гласањето го нарече политичка игра, велејќи дека тоа не било неопходно по минатогодишниот договор да се зголеми границата на долгот.

Сенатот исто така отфрли четири други предлози поднесени од републиканците.

Гласањето уследи по еден ден дебата во која сенаторите од двете партии меѓусебно се обвинуваа за неодговорност кога се работи за владино трошење и намалување на дефицитот.

Републиканските планови се со намера да го нагласат фактот дека мнозинството демократи не дошле до свој буџетски план.

Некои демократи ја критикуваат својата партија што не произвела свој план. Но други тврдат дека минатогодишниот договор за кревање на лимитот ја елиминира потребата од одвоена буџетска резолуција.

Со претседателските избори во ноември притисокот се зголемува на законодавците и на администрацијата за затворање на буџетскиот јаз од трилион долари и за намалување на националниот долг од 15 трилиони долари.

XS
SM
MD
LG