Линкови за пристапност

Маските за лице би можеле да се произведуваат од материјал кој сам се регенерира


Инспирирани од потребата предизвикана од пандемијата за трајни, чисти маски за лице и друга опрема за лична заштита за да се спречи ширењето на КОВИД-19, истражувачите работат на развивање на биосинтетички полимерен материјал кој се поправа себеси со синтетизирање на протеин кој се наоѓа во лигњите.

Студијата објавена во понеделникот во научното списание „Nature Material“ известува за меѓународен тим истражувачи од Германија, Турција и Универзитетот Пен во САД. Во неа се опишува како би можеле да се трансформираат уникатните протеини во лигњите, биоразградлив материјал што може да се користи за развој на таканаречените „меки роботи“ и лична заштитна опрема отпорна на солзи (PPE).

Материјалите кои сами се репарираат не се новитет, но истражувачите велат дека кај постојните материјали тоа може да потрае и до 24-часови, време потребно за да „заздрават“ и кога ќе сторат тоа, тие имаат тенденција да не бидат толку силни како оригиналот. Но, главниот автор на новата студија, Абдон Пена-Франчеш, вели дека тие биле во можност да го намалат „типичниот 24-часовен период на заздравување на една секунда“.

Истражувачите велат дека нивниот материјал исто така се репродуцира 100% како првичната јачина.

Коавторот на студијата Мелик Демирел вели дека регенеративните својства на материјалите треба да се активираат со додавање вода или притисок, но предвидуваат дека процесот може да се активира и со помош на светлина.

Демирел вели дека материјалот е и биоразградлив. Тоа значи, вели тој, дека иднината на маските и вентилаторите би можела да биде еколошка.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG