СКОПЈЕ – Комисијата за селекција за избор на претседател и членови на Антикорупциската комисија ги заврши интервјуата на 41 кандидат и ги исфлитрираше предлозите за членовите на новиот состав на Антикорупциската комисија кои треба да стапат на функција на 8 февруари.
Седуммината селектирани се Билјана Каракашова Шулев, Зоран Богоевски, Сервет Демири, Софија Спасова Медарска, Цвета Ристовска, Татјана Димитровска и Бесник Џемаили.
Овие седуммина кандидати добија највисоки оценки и бодови во рангирањето а предлогот е Димитровска, која доаѓа од Државниот завод за ревизија (ДЗР) каде ја извршува функцијата помошник на главниот државен ревизор – раководител на сектор за ревизија со овластување, да биде претседател на Антикорупциската Комисија.
Од ДЗР доаѓаат и Зоран Богоевски и Цвета Ристовска.Бесник Џемаиљи и Билјана Каракашова – Шулев веќе се вработени како советници во Антикорупциската комисија додека Софија Спасова Медарска, сопруга на адвокатот Филип Медарски, е судија во скопскиот Граѓански суд а Сервет Демири службеник во Агенцијата за инвестиции.
Членови на комисијата која ги избра потенцијалните членови на идниот состав на Антикорупциската комисија се Ели Панова од ВМРО-ДПМНЕ, Берат Ајдари од ДУИ, Фаница Николоска од СДСМ и Кастриот Реџепи од Демократско движење, Јован Андоновски заменик на Народниот правобранител, Никола Додов и Снежана Камиловска Трповска од Советот за соработка со и развој на граѓанскиот сектор.
Сепак Снежана Камиловска – Трповска имаше издвоено мислење околку изборнот на кандиати, и преку допис до медиумите изрази сомнеж за оркестрирао гласање бидејќи според неа далеку подобро подготвени кандидати добиле лоши оценки и малку бодови.
„Изненадува како останатите преставаници на Комисијата за селекција изнајдоа компромис токму и само за овие кандидати и покрај слабите интервјуа, одбивањето на канддатите да одговорат на директни прашања за општествени состојби како процесот на заробеност на државата, високо профилни случаи кои веќе се предмет на работа на ДКСК, а се дел и од констатирани состојби од Извештајот на Европската Комисија за 2023 година, прашања поврзани со политичка и правосудна поврзаност, тргување со влијание, лобирање и сл. Дополнително, кандидати кои манифестираа одлични познавања од областа, спремност за директен и недвосмислен одговор и со одлични компетенции не беа добро оценети од страна на другите членови, со што им се оневозможи да се борат за позиција претседател и член на ДКСК“, стои во дописот на Камилосвска Трповска.
Законската поцедура налага предлозите за кандидати да бидат изгласани од претаниците на редовна пленарна седница.