Линкови за пристапност

Каде ќе завршат гласовите на Река?


Каде ќе завршат гласовите на Река?
please wait

No media source currently available

0:00 0:01:52 0:00

За Гласот на Америка на македонски, претседателот на Алијанса на Албанците Зијадин Села вели дека партијата не дава наредби како да гласаат граѓаните

Нашите гласачи и поддржувачи не ги сметаме за наша сопственост, затоа граѓаните сами треба да одлучат што треба да направат на денот на изборите, изјави за Гласот на Америка, лидерот на Алијанса на Албанците, Зијадин Села. Со ова тој ги реши сите дилеми кои деновиве се појавија во јавноста околу тоа на чие конто во вториот круг од претседателските избори ќе завршат речиси 80.000 гласови кои беа за професорот Блерим Река, а зад чија кандидатура застанаа Алијанса и Движењето БЕСА:

„Градиме партнерство со нашите членови, а не градиме лоби за давање наредби или носење на гласови овде или онде. Ако е до одлучување кој треба да биде претседател на државата, тогаш ќе броевме политички партии кои даваат поддршка на кандидатите и ќе гласавме ние како претседатели на партии. Со самиот факт што гласаат граѓаните тие ќе одлучат кој ќе биде“ вели Села.

Тој смета дека во иднина претседателот на државата треба да се избира во парламентот, и оти време било да се воведе и институцијата заменик претседател на државата со одредени надлежности:

„Една од надлежностите би била воспоставениот механизам за двојно мнозинство или бадентеровиот принцип, секој закон или одлука кој се гласа по овој принцип, правото за декретирање на истата да биде на заменик претседателот кој би бил избран од другите етнички заедници. Пример ако претседателот во иднина е Македонец, заменик претседателот да биде Албанец и обратно“ смета Зијадин Села.

Вториот круг на претседателските избори ќе се одржи на 5-ти мај.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG