Линкови за пристапност

Седиштето на кампањата за реизбор на Бајден ќе биде во Делавер


Вредностите на моето семејство, мојот вечен оптимизам и моето непоколебливо верување во американската средна класа како столб на нашата нација потекнуваат од мојот дом од Делавер, рече Бајден во изјавата
Вредностите на моето семејство, мојот вечен оптимизам и моето непоколебливо верување во американската средна класа како столб на нашата нација потекнуваат од мојот дом од Делавер, рече Бајден во изјавата

Претседателот на САД Џо Бајден ќе го задржи својот реизборен штаб близу до дома - Вилмингтон, Делавер.

Предизборниот тим на Бајден за 2024 година денес објави дека седиштето ќе биде во Вилмингтон, каде што претседателот живее со децении.

„Вредностите на моето семејство, мојот вечен оптимизам и моето непоколебливо верување во американската средна класа како столб на нашата нација потекнуваат од мојот дом - од Делавер“, рече Бајден во изјавата.

„Затоа нема подобро место за нашата реизборна кампања да има свое седиште“.

Бајден, како американски сенатор кој го претставуваше Делавер, често се возеше со возот Амтрак дома за викенди, добивајќи го прекарот „Амтрак Џо“.

Тој има поминато многу викенди таму како претседател, иако засега ги прекина патувањата таму додека се работи на неговата куќа.

Кампањата на Бајден за 2020 година беше со седиште во Филаделфија, Пенсилванија.

Извор: Ројтерс

XS
SM
MD
LG