Линкови за пристапност

САД го засилуваат обезбедувањето на аеродромите


Новите мерки се однесуваат на внесување електронски апарати од странски аеродроми со директни летови за САД

Американски официјални лица велат дека патници упатени кон САД од некои странски аеродроми ќе треба да ги вклучат своите мобилни телефони, лаптоп компјутери и други електронски апарати, како дел од нови безбедносни мерки.

Во куса изјава од неделата, американската Администрација за безбедност во сообраќајот кажа дека невклучени апарати нема да бидат примени на летови и патниците кои ги носат може да бидат подложени на дополнителни проверки.

Американското соопштение не дава други детали и не објави кои странски аеродроми ќе го изведуваат зајакнатото проверување.

Минатата недела, секретарот за домашна безбедност Џеј Џонсон даде упатство за агенцијата да имплементира нови мерки на аеродромите со директни летови до САД, но деталите тогаш не беа објавени.

Наредбата доаѓа во време кога патници кои доаѓаат од Европа и од Блискиот Исток продолжуваат да се соочуваат со посилни безбедносни процедури.

Аналитичарите ги поврзуваат новите мерки со информации кои сугерираат дека милитанти поврзани со ал-Каида развиваат нови експлозиви кои би можеле да бидат поставени на авионите без да бидат откриени.

XS
SM
MD
LG