Линкови за пристапност

САД го засилуваат дипломатското обезбедување во светот


Некои дипломати се загрижени дека новите безбедносни правила наредени од Вашингтон ќе го отежнат вршењето на работата.

Американската државна секретарка Хилари Клинтон вели дека минатогодишниот напад на американската мисија во Бенгази ја натерало на овој чекор.
Но, некои дипломати се загрижени дека новите безбедносни правила наредени од Вашингтон ќе го отежнат вршењето на работата на нивните колеги.

Во нападот на Бенгази , осомничени милитанти на Ал-Каида нападнаа неколку американски објекти на 11 септември, 2012-та, убивајќи четворица Американци, меѓу кои и американски амбасадор.

Порано истиот ден, анти-американски протестанти упаднаа во американската амбасада во Каиро, разлутени заради филм направен во САД, за пророкот Мухамед. Јеменци навредени од филмот исто така упаднаа во американската амбасада во Санаа.

Распоредување повеќе Маринци

На сенатскиот распит во средата, државната секретарка Клинтон кажа дека одговорила на тие инциденти со барање за дополнителни стотици Маринци да ги обезбедуваат ранливите дипломатски објекти.

Таа кажа дека исто така назначила лице на нова позиција заменик-помошник државен секретар за места под зголемена закана, со одговорност за давање посебно внимание на мисии во опасни делови на светот.

Клинтон кажа дека таа означила повеќе од 20 американски мисии во оваа категорија. Но додаде дека нивната локација е класифицирана информација.

Трудовиот синдикат што ги претставува американските дипломати за Гласот на Америка изјави дека испраќање повеќе Маринци како стража во високо-ризични мисии е позитивен чекор.

Претседателката на Асоцијацијата на американски служби во странство Сузан Џонсон кажа дека многу американски конзулати и некои амбасади требало да оперираат без Маринци.

„Маринците се таму првенствено да ги чуваат и обезбедуваат објектите, а не да даваат лична заштита“, кажа тој. „Сепак, кога таму ги има во вонредни ситуации може исто така да ви даде повеќе време и секако да ви помогне да избегате или да ја минимизирате штетата, така што ние тоа го поздравуваме. Но, Маринците се` уште не се таму.“

Барање конгресна помош

Државната секретарка исто така кажа дека и` треба конгресна поддршка за имплементирање на безбедносните препораки на независното тело што го истражуваше нападот на Бенгази.

Таа ги поттикна законодавците да и` дадат авторитет да употреби некои од постоечките фондови на Стејт департмент за распоредување на повеќе безбедносен персонал и да ја подобри изградбата на американските мисии.

Клинтон исто така апелираше до Конгресот да обезбеди дополнителни пари за дипломатско обезбедување, велејќи дека фондовите одобрени минатата година биле несоодветни и 10 проценти под бараното.

Претерано обезбедување?

Некои дипломати изразиле загриженост дека Стејт департментот би можел премногу да го зајакне обезбедувањето со цел да ги задоволи републиканците кои обвинуваат дека ако не се прави доволно за спречување на убиства како во Бенгази.

Роналд Неуман, поранешен американски амбасадор во Авганистан, Алжир и Бахраин, за Гласот на Америка кажа дека политичкиот притисок на администрацијата на Обама за избегнување на ризична дипломатија е посилна отколку што била пред Бенгази.

„Еден од најголемите проблеми со кои се соочуваме е атмосфера во која официјални лица во Вашингтон станале толку нервозни во врска со обезбедувањето што тие ја намалуваат флексибилноста на дипломатите на терен да донесуваат критични безбедносни одлуки.“

Неуман, претседател на непрофитна група со седиште во Вашингтон – Американска академија за дипломатија, кажа дека амбасадорите треба да бидат тие што решаваат дали тие или нивниот персонал ќе направат ризични патувања надвор од нивната канцеларија.

Николас Кралев, автор на Другата армија на Америка: Американската дипломатска служба и дипломатијата на 21-от век, кажа дека постоечките рестрикции на дипломатските патувања веќе го прават тежок животот за дипломатите.

„Во многу држави каде се смета дека не е безбедно да се патува надвор од главниот град, на дипломатите им е забрането да излегуваат. Во некои држави, тие можат да добијат дозвола, но за тоа треба писмено барање.“

Кралев кажа дека секретарката Клинтон се обидела да постигне рамнотежа меѓу дипломатската безбедност и флексибилноста пред нападите од септември 2012.
„За жал по нападите, не гледам како ова може да се случи, сега кога фокусот е многу повеќе на безбедносниот дел“, рече тој.

Прифаќање на ризикот

Лидерот на синдикатот Џонсон вели дека многу дипломати зборувале во корист на флексибилноста.

„Бенгази го извади прашањето во преден план. Гледам повеќе отпор од страна на дипломатската служба против повиците да се елиминира сиот ризик и да не се оди никаде доколку не се добијат 64 дозволи за тоа.“

Таа кажа дека друг начин за подобрување на безбедноста е да се засили федералното финансирање за обука на дипломатите за странски јазици и знаење за државата.

„Таа обука ве прави многу поблиски со она што се случува. Поспособни сте да избегнете опасни ситуации, и ако тоа се случи, подобро можете да се справите со тоа,“ кажа таа.

Неуман кажа дека никаква мерка не може да даде совршено обезбедување.

„Чекорите, соопштени од Клинтон, се добри, но не значат дека ќе можете да избегнете друг Бенгази или друг дипломат да биде убиен. Тоа не е во рамките на можното,“ кажа тој.
XS
SM
MD
LG